
Црногорци во последните три дена вратиле 19 пиштоли и 14 пушки
Граѓаните во последните три дена во повеќе црногорски градови доброволно вратиле 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оружјето е вратено како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати го оружјето“ која се спроведува долги години.
-Апелираме до сите сограѓани да дадат свој придонес за севкупната безбедност на општеството и да ги предадат огненото оружје, муницијата и експлозивните направи што ги поседуваат, без никаква законска, односно кривична или прекршочна одговорност и без разлика дали го поседуваат оружје противправна или легална сопственост – велат од Полициската управа.
Појаснето е дека тоа можат да го направат со јавување во полиција на бројот 122, или да ги известат полициските службеници дека сакаат да го вратат оружјето.
-Важно е да се напомене дека граѓаните не треба сами да носат оружје во полициските станици – посочуваат од полицијата.
Во престрелката што се случи на 1 јануари во Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои три жени и две деца, додека четири лица беа повредени. Напаѓачот Ацо Мартиновиќ (45) се самоуби по крвава гозба.
По повод трагедијата на Цетиње, во Црна Гора е прогласена тридневна жалост, на 2, 3 и 4 јануари.