ЦП на ДУИ: Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет

– Во седиштето на ДУИ во Мала Речица во тек е седница на Централното претседателство на партијата. Пред почетокот на седницата изјава даде портпаролот на ДУИ Арбр Адеми кој информираше за темите за кои ќе се разговара на седницата.

-Денеска ќе дискутираме за мерките, за политиките кои би требало да се преземат. За истите ќе има и коментар од нашата страна до американскиот експерт кој е ангажиран д-р Пол Вилијамс, и зависно од тоа ќе ги конкретизираме нашите понатамошни политички чекори. ДУИ е потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните. Ние продолжуваме со истите политики кои носат подобро утро за сите граѓани перспектива за сите. Ние се залагавме и се залагаме за нашата западна ориентација на нашата земја, а тоа беше и членството во НАТО и како втора стратешка цел останува членството во ЕУ, но исто така велиме дека ќе ги искористиме сите демократски механизми што ни се на располагање за да се санкционира, да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори. Тоа значи дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет, рече Адеми.

Информираше дека на денешната седница ќе се разгледа и драфтот кој е испратен од Вилијамс и коментарите кои ќе бидат испратени од нивна страна до него, а исто така ќе разговараат и за одбележувањето на 13 август.

Адеми кажа дека заклучоците кои ќе бидат донесени на седницата на Централното претседателство ќе ги испратат до медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот