Плакат за проектот „Архиви на невидливите 3.0“

ЦИНИК ќе одржи промоција на зборник научни трудови и тркалезна маса по повод 80 години АФЖ во Македонија

Центарот за истражување на национализмот и културата ЦИНИК – Скопје овој викенд организира два настани по повод одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија (14-15.12.1944) во рамки на проектот „Архиви на невидливите 3.0“.

На 14 декември, со почеток во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе се одржи промоција на втор зборник научни текстови чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание – „Македонка“. Зборникот со наслов „Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“ нуди специфични и продлабочени наоди за периодот додека се печател овој весник.

Автори на текстовите се: Ана Колариќ, Петар Тодоров, Ана Ашталковска Гајтаноска, Славчо Димитров, Христина Иваноска и Елени Новаковска. Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска. Промоторка е Ана Василева. Изданието ќе биде бесплатно дистрибуирано за присутните на промоцијата.

Во недела, 15 декември, со почеток од 13 часот, ќе се одржи Тркалезна маса конципирана од страна на програмскиот одбор составен од Ивана Хаџиевска, Андријана Папиќ и Јана Коцевска, на тема „АФЖ: Недовршена револуција – сеќавање на минатото, замислување на иднината“.

Настанот се надоврзува на практиките за одбележување на јубилеите на АФЖ низ дискурсот на претставници од релевантните институции и научната јавност, кои кулминирале во 1970те години, за по 1990те години да исчезне од јавноста.

Тркалезната маса има за цел да собере експерт(к)и, со искуство од областа на женската историја, односно феминистичкиот активизам, кои низ отворена дискусија ќе ги артикулираат прашањата поврзани со политиките на сеќавање/заборав, третманот на антифашистичките идеи и историски искуства во современиот контекст, женската историја во јавниот простор и значењата на комплексното наследство на АФЖ.

Дискусијата ќе ја модерира Ана Василева. Тркалезната маса е простор отворен за претставнци/чки од научните, образовните институции, како и од граѓанската сфера и медиумите, а тие ќе имаат можност да се надоврзат на дискусијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот