Фото: Принтскрин

ЧУВАЛЕ ПЧЕНКА во скапоцен антиквитет: Пензионери во својот дом имале сандак од „Луј Витон“ (ВИДЕО)

Кај брачна двојка од Украина е пронајден сандак од луксузниот француски бренд „Луј Витон“, стар 150 години, која во него, незнаејќи за неговата вредност, чувала пченка за своите кокошки.

Пензионерите Александар и Александра Сокраниќ од селото Мохнах не знаеле каков артефакт имаат во куќата.

Украинските пензионери во сандакот чувале пченка, понекогаш кромид и друг зеленчук, сè додека еден ден нивниот братучед не ги известил за актиквитетот која го имале во домот.

Сандакот веројатно е произведен на почетокот на 1880 година и може да чини најмалку 11.000 американски долари. Некои сандаци од брендот „Луј Витон“ може да достигнат цена од 100.000 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот