
Човекот кој се обложи дека Свифт и Келси ќе се верат во 2025 година, ќе добие 50.000 долари
Веридбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси е вест на годината. Ова не ги израдува само нивните блиски туку и оние кои „навиваа“ за нивната љубов.
Препорачано
Бидејќи за истата се шпекулираше веќе некое време, еден човек предвидел дека тоа може да се случи оваа година, па дури и се обложил на неа, освојувајќи 50.000 долари, пренесува „Индекс“.
Тој се обложил на „Ројал маркет“, онлајн платформа за тргување со предвидувања што им овозможува на корисниците да се обложуваат на идни настани, како што се политички, спортски или настани од поп-културата.
На пример, ако се обложувате на тоа некој да стане претседател или некоја позната личност да се омажи, можете да купите токени врз основа на вашите предвидувања. Кога ќе заврши настанот или ќе се објават вестите, исходот е потврден и на победниците им се исплаќаат врз основа на тоа кој правилно го предвидел.
Веридба на годината
Свифт и Келси, кои се во врска две години, официјално ја објавија својата веридба во вторник со романтична фотографија на која Келси ѝ предлага брак во градина со рози.
Таа, исто така го покажа огромениот дијамантски веренички прстен, чија вредност се проценува помеѓу 675.000 и 1 милион долари. Двојката јавно ја објави својата врска во септември 2023 година, а нивната романса оттогаш ја интригира јавноста. Пред Келси, Свифт беше во шестгодишна врска со актерот Џо Алвин и кратко време се забавуваше со музичарот Мети Хили.
ФОТО | Според експертите: Цветната бајка на Тејлор Свифт и Тревис Келси чинела до 38.000 долари