Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Човек пронајден мртов во семејна куќа во Кавадарци, телото имало видливи изгореници

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид во семејна куќа во градот, во која беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст од 70 години, соопшти Обвинителството.

Со оглед на тоа што од екипите на Итната медицинска помош беше констатирана смрт со видливи изгореници на телото, надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот.

Од место биле подигнати траги со цел да се утврдат околностите под кои настапила смртта, се вели во соопштението од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот