Судски совет, седница / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Членовите на Судскиот совет наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судството уште еднаш покажало дека не работи во заштита на правдата и во корист на граѓаните.

Наместо правда за народот, велат дека судството единствено работи во заштитата на неговите членови кои делат неправда или пак ја раздаваат правдата.

„Со вчерашната постапка, Судскиот совет само го потврди ова. Судски совет се стави во служба и заштита на судија за кој човечкиот живот вреди само две години затворска казна. Тие го штитат судијата кој на возач, кој прегази и усмрти млада девојка која поминувала на пешачки, му пресудиле бедни две години затвор и го покриваат неговиот срам.

Овие членови на Судски совет, сите до еден се луѓе на Зоран Заев, кои се избрани од претходната влада на СДС и ДУИ, кои сега здружно ја газат правдата и ја уриваат државата. Токму ова и беше причината поради која и им беше изгласа недовербата.

Но тие, не знаејќи за срам, морал и интегритет, наместо да поднесат оставки, со изгласани интерпелации продолжуваат да прават неправда. Ова е тоа судство, расцветано како пупка на Заев, кое за ќебапи одредува пет години затворска казна, за кубење за коса на Радмила Шекеринска четири, додека за убиен човек само две години казна затвор“ наведуваат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека ваквите срамни одлуки на судството, потоа одбранети и поддржани и од Судски совет директно влијаат на губењето на надежта кај граѓаните дека правда во Македонија е возможна и дека постои.

„Но овој гнил правосуден систем ќе падне и ќе се распадне. Во државата ќе има одговорност и ќе има независен и кредибилен судски систем, во кој дел ќе бидат високо професионални лица со кредибилитет и висок морален интегритет“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот