
Чини две милијарди долари: „Avatar: The Way of Water“ потфрли, не продаде влезници колку што се очекуваше
Долгоочекуваното продолжение на „Avatar“ на режисерот Џејмс Камерон не ги исполни очекувањата во продажбата на влезниците откако беше прикажан во кината во текот на викендот. Експертите велат дека сепак е рано да се каже дали филмот ќе ги надомести своите огромни трошоци.
Препорачано
„Avatar: The Way of Water“ заработи околу 435 милиони долари ширум светот, соопшти дистрибутерот „Волт Дизни“, вклучително и 134 милиони долари во САД и Канада.
Пред викендот, се предвидуваше заработувачка од барем 140 милиони долари во САД и 500 милиони долари во светот за филмот на Камерон на кој работеше деценија, за сините луѓе На’ви на месечината наречена Пандора.
И додека бројките се помали од очекуваното, според „Comscore“ тоа е третото највисоко холивудско достигнување во светот за време на пандемијата на ковид 19.
Аналитичарите велат дека „Avatar: The Way of Water“ има шанса да привлече голема семејна публика во текот на божиќните и новогодишните празници. Филмот нема преголема конкуренција до февруари.
„„Avatar: The Way of Water“ беше „направен на долги патеки, како и речиси сите филмови на Џејмс Камерон““, рекол Џеф Бок, висок медиумски аналитичар во компанијата „Exhibitor Relations Co. Audiences“. „Можеби тоа нема да се види првиот викенд, но подоцна ќе се види“.
Камерон рече дека „Avatar: The Way of Water“ ќе мора да заработи 2 милијарди долари само за да ги покрие трошоците. „Дизни“ сè уште не ги открил бројките за буџетот и за маркетинг трошоците.
ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“
ВИДЕО | Спектакуларниот трејлер за новиот „Avatar“ за 24 часа го погледнале 19 милиони луѓе
Два милиони прегледи за десет часа: Излезе нов трејлер за „Avatar: The Way of Water“