
Чибишев: Маж од Струмица каснат од опасен пајак „црна вдовица“
Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев со предупредувања до граѓаните исклучително да внимаваат каде се движат и доколку се случи да ги касне некој инсект или змија веднаш да се упатат до најблиската болница. Тој на Фејсбук напиша дека викендов на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак „црна вдовица“.
Препорачано
-Би сакал да дадам неколку совети и да упатам неколку предупредувања. Временските услови овие денови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни а можеби и поагрсиевни.
Исто така, добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето. Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,, црна вдовица ,, ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.
Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција.
Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот- стои во објавата на Чибишев.
Маж каснат од змија во Идризово, надлежните апелираат на внимателност