пресуда за убиството на Вања и Панче / Фото: Слободан Ѓуришиќ - Слободен печат

Четворицата осудени за доживотен затвор остануваат во притвор до правосилноста на пресудата додека пак таткото е ослободен

Четворицата осудени на доживотен затвор Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев остануваат во притвор до правосилноста на пресудата, додека пак таткото Александар Ѓорчевски е ослободен.

Претходно, обвинителката Жаклина Јосифовска побара да му биде продолжен куќниот притвор на таткото и покрај ослободителната пресуда, за потоа нејзината колешка Ана Стојановиќ да ја поправи и да побара да му биде укинат, затоа што немаат законска можност да бараат продолжување на притворот.

Обвинителството прво бараше да се продолжи притворот за таткото на Вања иако беше ослободен, па се поправи

Обвинителството ги товареше дека заедно испланирале грабнување на велешанецот Панче Жежовски за со неговиот автомобил да ја грабнат малолетната Вања Ѓорчевска за да бараат пари за откуп од член на нејзиното семејство.

Сите обвинети во текот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат виновни и побараа ослободителна пресуда. За четворицата обвинети обвинителките побараа максимална казна доживотен затвор, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Палевски и неговиот адвокат тврдеа обвинителството нема докази дека тој е убиец на жртвите, а Палевски кажа дека Манев е организатор, Видевски извршител, а Кешишев чувал стража.
Манев откри дека синиот ранец со оружјето и моторолите бил скриен од член на партијата Десна, по налог на Палевски.

Видевски кусо изјави дека нема што да додаде на зборовите на својот бранител, кој претходно побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека признанијата се изнудени, а истрагата водена во погрешен правец.

Кешишев изрази каење и рече дека имал грижа на совест што бил дел од групата, но дека не учествувал во планирањето и извршувањето на убиствата.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот