Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Четворица руски гувернери поднесоа оставки како последица од западните санкции

Четворица руски регионални гувернери поднесоа оставки додека земјата се подготвува за влијанието на економските санкции, пренесува Ројтерс.

Шефовите на регионите Томск, Саратов, Киров и Мари Ел најавија итно заминување од функцијата, додека шефот на регионот Рјазан рече дека нема да се кандидира за уште еден мандат.

Во септември е предвидено да се одржат избори во сите пет региони.

Иако руските регионални гувернери се бираат на избори, тие се политички подредени од страна на Кремљ. Неколку од гувернерите во заминување ги претставуваат регионите каде владејачкиот блок Единствена Русија освои слаби гласови на парламентарните избори минатата година.

Непопуларните гувернери редовно се отстрануваат од функциите.

Илја Грашченков, раководител на Центарот за развој на регионална политика во Москва, рече дека Кремљ ги отстранува слабите гувернери во услови на влошување на економската перспектива за земјата, поттикната од западните санкции.

Грашченков рече: „Постои потреба од преструктуирање на економијата, особено во оние региони каде што западното економско влијание беше значајно. Овие гувернери треба да бидат заменети со помлади алтернативи“.

Руската економија ќе се намали за 8,8 отсто во 2022 година, соопшти Министерството за економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот