Фото: mia.mk

Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата, Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.

Во „Пирогов“ остануваат да се лекуваат уште четворица други повредени во пожарот во Кочани.

Прес-центарот на болницата соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ и по тројца во болниците во Пловдив и Варна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот