Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четворица пациенти транспортирани во Србија и Софија

Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.

Настов информира дека здравствената состојба на другите останати пациенти е стабилна. Посочи дека на Клиниката се наоѓа уште еден пациент кој е на респиратор и кого го подготвуваат да биде транспортиран во Турција и уште еден пациент кој не е на респираторна поддршка но, како што кажа директорот, постои голема веројатност дека ќе има потреба да биде транспортиран.

– Работата е што нас ни се потребни фамилиите, во еден дел прво да ги известиме за тоа што го планираме, а потоа потребни се патните исправи за да можат пациентите да се транспортираат. За среќа и пациентите кои отидоа во Бугарија излезе дека со некој меѓудржавен договор нема потреба од патни исправи, истото важи и за Србија, рече Настов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот