море/ Фото: ARIS MESSINIS / AFP / Profimedia

Четворица капачи се удавија во грчките мориња

Четири нови смртни случаи во грчките мориња се забележани денеска, а бројот на удавени капачи во Грција секојдневно се зголемува, пишуваат грчките медиуми. Во јуни беа забележани 39 давења, а во јули бројот се искачи на 151.

63-годишен грчки државјанин утрово бил извлечен во бессознание од морскиот реон „Трокантеро“ Итеа во Фокида. Иако со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Здравствен дом Итеа му немало спас.

Во друг инцидент во месноста Плаз Авлаки Порто Рафти, 78-годишен граѓанин е извлечен од морето во бессознание. Првично му била укажана прва помош од спасителот и медицинската сестра на плажа, а потоа со возило на Итна помош бил пренесен во Здравствениот дом Маркопулос, каде за жал била констатирана смрт.

Во морската област „Трипити“ во Лименарија, на Тасос е регистрирана уште една смрт на капач, при што жртвата е 82-годишна странска државјанка, која утрово била извадена од морето во бессознание, по што е констатирана смрт.

Последната жртва е 67-годишен странец кој бил извлечен во бессознание, напладне, од морскиот предел на плажата Ливрихиу, Аркица. Телата на жртвите се предадени на обдукција заради утврдување на причините за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот