фото: ЏУДО КЛУБ „СЕИШИН“

Четири медали за џудистите на Сеишин-Прилеп на меѓународниот турнир „Тирана Опен“

На 7 мај во Тирана, Албанија, се одржа меѓународниот турнир во џудоТирана Опен“ на кој учествуваше и македонскиот џудо клуб Сеишин-Прилеп предводен од тренерот Мартин Ристески и Киро Здравески.

Освен од нашата земја, на овој турнир имаше и натпреварувачи од Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Србија и Грција.

Седум џудисти го претставуваа Сеишин-Прилеп, а освоени се вкупно четири медали од кои два златни, и по еден сребрен и бронзен.

Резултати поединечно:

Пионерки:
1.Тамара Илиоска 1 место
2.Теодора Илиоска 1 место

Кадетки:
3. Елеонора Илиоска 2 место

Кадети:
4. Никола Магдески 3 место

Сеишин-Прилеп следен викенд ќе настапи на меѓународниот турнир „Скопје Опен“ на кој се очекува да учествуваат голем број клубови од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот