Четири лица се повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Четири лица се повредени, од кои три потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Струга-Дебар.

Како што информираат од МВР, вчера во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга“, стои во полицискиот билтен на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот