
Често сонувате сексуални соништа со шефот, пријателот, поранешниот? Еве што претставуваат и зошто ги сонуваме
Дали ви се случило да се разбудите со насмевка на лицето, задоволни од синоќешното сексуално искуство, но неколку секунди по отворањето на очите да сфатите дека тоа било само сон? Доволно е да помислите на нештата што сте ги правеле и да ви зацрвенуваат образите. А, кога кон нив ќе го додадете и фактот што другата личност била вашиот пријател/вашиот шеф/момчето на ваша пријателка/згодната инструкторка по фитнес, ви доаѓа да си го скриете лицето од срам.
Препорачано
Секс со поранешниот партнер
Поранешните партнери се многу популарни актери во женските соништа. Поранешниот може да ја добие главната улога во вашите соништа и да предизвика сомнеж дали навистина сте го преболеле или дали можеби треба да му дадете втора шанса или… Стоп! Застанете тука, затоа што насоката во која се движите е погрешна. Вратете се назад и наместо да мислите на поранешниот, фокусирајте се на чувствата од сонот.
Независно дали првото нешто што ви доаѓа напамет е страста, возбудата или одличната комуникација, сфатете го тоа како важна порака. Поранешниот е тука, на вратата на вашите соништа, за да ве потсети што ви недостига во реалноста. Ако, пак, сте го сонувале поранешниот од средно училиште или од факултет – тој ја симболизира слободата што сте ја имале пред да стапите во брак, пред да се вработите и да имате стотици обврски секој ден. Ако во сонот сте имале секс со поранешното „лошо“ момче – тоа значи дека ви недостига авантура и спонтаност во вашиот љубовен живот.
Најчесто овие соништа се појавуваат кога вашата моментална врска ќе стане рутинска или кога долго време немате секс со сегашниот партнер. Сметајте го сексот со поранешниот за предупредување дека врската ви е во опасност и дека треба да направите нешто за да ја спасите од монотонијата.
Секс со шефот
Мошне непријатно, нели? Да се „забавувате“ со шефот цела вечер може само да ве натера да земете слободен ден за да не го гледате неговото лице, но тоа нема да ви помогне.
Можеби шефот ве привлекува и во реалноста, но може и да ви е одбивен, тоа не е важно. Сонот во кој имате секс со шефот значи дека копнеете да имате поголема контрола над нештата што се случуваат во вашиот живот. Сакате да станете поавторитетни и свесни сте дека поседувате лидерски способности, но не ги покажувате доволно.
Секс со колега/пријател
Како да се појавите на работа пред колегата со кого синоќа „сте го делеле истиот кревет“? Како да го погледнете вашиот пријател в очи, кога претходната вечер „ве бакнуваше по целото тело“? Наместо да кревате паники и да бегате како избезумени од него, размислете која црта од неговиот карактер најмногу ви се допаѓа. Запрашајте се со што тој се издвојува од другите. Можеби вашиот колега е миленик на шефот, има неверојатни ораторски вештини или едноставно е преамбициозен и целосно посветен на кариерата. Можеби вашиот пријател е екстровертен и дружељубив или никогаш не дозволува озборувањата да допрат до него.
Штом таа личност „шета“ низ вашите соништа, значи сака да ви испрати порака дека кај него постои нешто на што му се восхитувате, а за што можеби и сте му по малку љубоморни.
Секс со жена
Сексот со претставничка на понежниот пол на сон значи дека созревате и дека станувате потолерантни кон другите, кои се различни од вас. Но, не само кон нив. Овој сон е исто така знак дека започнувате да се чувствувате подобро во своето тело и да ги прифаќате вашите женски облини онакви какви што се. Најчесто се јавува кај бремените жени, бидејќи нема ништо поженствено од бременоста.
Но, сонот во кој имате хомосексуална улога понекогаш во себе крие и предупредување дека на вашата врска ѝ недостига нежност и разновидност, укажува дека вашата врска е монотона, рутина.
Секс со славна личност
Има ли поубаво чувство од тоа да ја поминете ноќта со личност по која копнее секоја девојка на светот? Без разлика дали синоќа сте биле интимни со Бред Пит или со Џорџ Клуни, сметајте го тоа како добар знак.
Сексот со позната личност ви посочува дека поседувате скриен талент, кој вашата потсвест го препознала и ви испраќа сигнали дека постои во вас. Но, ако сонувате секс, на пример, со Бред Пит, не значи дека сте родена актерка. Може да станува збор за талент со кој вие потсвесно ја поврзувате личноста која ја сонувате како дипломатски способности, добар стил на изразување, хуманост, скромност, љубезност итн.
Сексот на сон со позната личност може да упатува на фактот дека не сте го добиле заслуженото признание. Понекогаш истиот открива и дека сте амбициозна личност која копнее по успех или повисок статус во општеството.
Секс во јавност
Уживате во страсните допири и бакнежи на партнерот од соништата, но набрзо сфаќате дека не сте сами и дека нечии погледи љубопитно ве набљудуваат. Секс пред публика – може да биде застрашувачки, но и неочекувано возбудлив. Можно е веднаш да скокнете и откако ќе сфатите што сте сонувале, да не можете да го спречите црвенеењето на образите. Ви доаѓа да се сокриете под чаршафот?
Ако сексот пред публика предизвикал да се чувствувате непријатно и засрамено во сонот, размислете дали во последно време чувствувате дека очите на јавноста се насочени кон вашата врска. Дали ве плаши тоа каков впечаток остава вашиот партнер кај вашите најблиски, или пак, дека луѓето околу вас ве озборуваат? Вашиот сон е знак дека сте загрижени за тоа што мислат другите за вас.