Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Чешмите ќе останат суви, но радијаторите топли, прекинот на вода нема да го попречи греењето

И покрај тоа што системот за парно греење е полн со вода, најавеното исклучување на водата кое ќе се случи во ноќните часови од петок кон сабота, поради дефекти чие санирање не се знае колку ќе трае, домовите на скопјани нема да останат без греење.

Исклучувањето на главниот цевковод ќе ги опфати населбите каде речиси 60 000 домаќинства се греат на парно, но,  како што тврдат од АД ЕСМ, нема да има проблеми со греењето.

Ве известуваме дека затворањето на главната водоводна цевка во Скопје нема да влијае врз испораката на топлинска енергија до потрошувачите приклучени на централното греење – велат од компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот