Фото: КФСМ

Чешка подобра во финалето, Македонија како сребрена се пласира во елитата

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да слави во финалето и беше поразена од Чешка со 85:72. Но, без разлика на овој пораз Македонија веќе го обезбеди пласманот на на во елитната група на Европското првенство.

Чешка денес подобро го започна мечот, но нашите надежи одиграа одлична трета четвртина по која успеаа да дојдат до нерешено. Во последната четвртина влеговме со 52-52.

Сепак, во четвртиот период одбраната во нашите редови попушти и го загубивме натпреварот со 13 поени разлика.

Убедливо најдобар во нашата селекција со 23 поени беше Теодор Симиќ, Марин Петков реализираше 14. За поголем успех можеби недостасуваше Андреј Митревски кој се повреди во четвртфиналето.

Македонија како финалист на овој шампионат избори пласман во А-дивизијата каде што се најдобрите селекции од континентот што секако е голем успех за оваа селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!