Чешка знаме/ Фото EPA-EFE/Balazs Mohai

Чешка купува 24 борбени авиони Еф-35

Чешка ќе се снабди со дури 24 борбени авиони. Владата на Чешка го одобри планот за купување на авионите Еф-35, изјави премиерот Петар Фиала, цитиран од британските медиуми, пренесе БТА.

Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година.

Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“.

Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси.

Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот