Најдолгиот висечки мост во Чешка, Фото: МИА

Чешка го отвори најдолгиот висечки мост во светот

Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка.

„Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот”, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот.

Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години.

„За мене ова е одличен поглед”, рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.

Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Тој е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот