
Ченинг Татум побара помош од советник!
Познатиот актер Ченинг Татум побара помош од родителски советник за да може да има подобра шанса при одредувањето на старателството, пишува eonline.com.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Актерот и Џена Деван од неодамна се официјално разведени, а сега пред нив е уште одредувањето на условите за старателство од страна на судот. Познатиот пар без поголеми проблеми мирно се разведе, но останаа помали прашања околу поделбата за старателството и датумите за празниците, кои и двајцата сакаат да ги поминат со 6-годишната ќерка Еверли.

Американските медиуми пишуваат дека Татум сака да има еднакво време за својата ќерка и можност за видео разговори, кога Еверли ќе биде кај неговата поранешна сопруга. Тој истакнува дека е вистина тврдењето дека тој и Деван имаат многу полни распореди, кој диктира начин на брз живот.
