Весли Фофана ќе ја освежи одбраната на лондонски Челси/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Челси ќе плати рекордни 82 милиони евра за дефанзивецот на Лестер

Англискиот премиерлигаш Челси до крајот на преодниот рок ќе се засили со францускиот репресзентативец Весли Фофана кој настапува за Лестер.

Управата на Лестер ја прифати понудата на Челси и 21-годишниот фудбалер ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња. Трансферот би требало да изнесува 82 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Младиот дефанзивец би требало да потпише шестгодишен договор со Челси.

Фофана во Лестер пристигна во 2020 година од Сент Етјен во трансфер вреден 40 милиони евра и досега одигра 52 натпревари и постигна еден гол.

Челси не планира да го затвори преодниот рок со трансферот на Фофана и планира да го засили нападот со Пејр-Емерик Обамејанг. Англиските медиуми пишуваат дека Челси и Барселона се наоѓаат пред договор за трансферот вреден 27 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот