Пике одлучи да ја напушти Барселона и да ја заврши фудбалската кариера/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Чави во потрага по нов централен бек: Дали Ињиго Мартинез ќе го менува Пике?!

Тренерот на Барселона, Чави потврди дека клубот планира да ангажира нов дефанзивец на позицијата централен бек.

– Во јануари ќе бараме нов централен бек, тоа ќе ни биде приоритет откако Пике одлучи да си замине – се зборовите на Чави.

Легендата на Барса, Жерар Пике ја шокираше фудбалската јавноста со објава за крај на кариерата. Според најавите искусниот одбранбен играч в сабота против Алмерија во 13 коло од шпанската „Ла Лига“ ќе го игра својот последен натпревар.

Каталонскиот гигант ги разгледува опциите за идеална замена, а на листата желби се наоѓа Ињиго Мартинез, а во текот на Светското првенство во Катар се очекуваат донесување на одлуки.

Според каталонскиот „Спорт“ е веќе постигнат договор со Мартинез со кој наводно „со месеци се преговарало“. Мартинез во шпанското првенство одигра 350 натпревари и реализираше 21 гол. Ја започна кариерата во Реал Сосиедад, а од 2018 година настапува за Атлетик Билбао.

Чави во составот има четири дефанзивци, Роналд Араухо ќе биде подготвен во јануари по опоравувањето од повредата, а на располагање ги има и Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот