Марко Чадеж/ Фото: Стопанска комора на Србија

Чадеж: Есватини отвора нови перспективи за соработка на Србија со над 50 африкански земји

Двете страни гледаат заеднички потенцијал за подобрување на економската соработка меѓу Србија и Кралството Есватини во ИКТ секторот, земјоделството, енергетиката, фармацијата, во областа на хемиската индустрија и туризмот, како и во областа на високото образование и дигиталните вештини, е пораката од тркалезната маса „Србија и Есватини – иновациите како мотор на растот“.

Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС) истакна дека посетата на кралот на Есватини, Мсвати Трети и делегацијата на таа земја е многу важна за Србија бидејќи отвора нови перспективи и истакна дека Африка е континент на пријателство и почит, односно континент на иднината и растот  на глобалната економија, објави Данас.

Тој посочи дека има низа предлози за реализација на значајни проекти на двете земји, од соработката на рударските институти, преку секторите земјоделство, земјоделска механизација и хемиската индустрија. Исто така, интерес за соработка со Есватини веќе пројавија компании како „Галеника“ од областа на фармацијата и „Еликсир“ од секторот за производство на вештачки ѓубрива и биоциди, како и домашни компании кои се занимаваат со дезинфекција и прочистување на водата.

Според него, Есватини прави големи напори нивното земјоделство од примарно производство да стане комерцијално и поради тоа компаниите од Србија, особено оние кои се занимаваат со системи за наводнување и земјоделска механизација, можат да им бидат од корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот