Приврзаници на Милорад Додик пред Судот во Сараево / 26 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/HAZIM ALJOVIC

Централната изборна комисија на БиХ: Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина, со два гласа против, денес распиша предвремени избори за претседател на Република Српска за 23 ноември оваа година.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ја донесе оваа одлука, откако претходно му го одзеде мандатот на Додик врз основа на конечната пресуда на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина, со која претседателот на Република Српска беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност.

Додик беше осуден затоа што не ја почитувал одлуката на нелегалниот и нелегитимен висок претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Кристијан Шмит, Милорад Додик/ Фото EPA

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за предвремено распишување на изборите за претседател на Република Српска, и покрај фактот што процесот против Додик не стигна до извршна фаза.

Функционерите на Република Српска не ја признаваат одлуката за одземање на мандатот на претседателот Додик, а Народното собрание на Република Српска во меѓувреме објави референдум на кој народот ќе се изјасни за третманот на Судот на Босна и Херцеговина кон Додик на 25 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот