
Цената на кафето вртоглаво расте: Поради новите царини, ќе има удар врз џебовите на потрошувачите
Планираното воведување американски царини за стоки од Бразил може да доведе до зголемување на цените на кафето во светот, поради рекордно високите цени низ целиот свет, проценуваат експертите. Според „Њујорк тајмс“, царините дополнително ќе ја оптоварат индустријата за кафе во време кога суши ги погодија Бразил и Виетнам, двата најголеми извозници на кафе во САД, што доведе до пониски приноси и повисоки цени, пренесува Србија данас.
Препорачано
Просечната цена на половина килограм печено кафе во Соединетите Американски Држави се зголеми на 7,93 американски долари од 5,99 долари, колку што чинеше минатата година. Речиси сите американски потрошувачи на кафе консумираат кафе со потекло од Јужна Америка, Африка и Азија, а САД увезуваат 1,6 милиони метрички тони кафе.
Аналитичарот на индустријата за кафе, Гилермо Моја, проценува дека трговијата со кафе меѓу САД и Бразил може да доведе до ситуација каде што двете страни се во загуба.
– Во случај новите царини од 50 проценти да стапат во сила, ќе видиме преобликување на протокот на кафе низ целиот свет. А особено од Бразил до други региони“, рече Моја. Доколку големопродажната цена на кафето се зголеми за 10 проценти, тоа би можело да доведе до зголемување на цената на шолја кафе за околу 25 центи, според економистот на Институтот Стенфорд, Рајан Камингс.
Тарифната стратегија на претседателот Доналд Трамп може да ги стави производителите на кафе во многу несигурна ситуација“, рече Камингс.