Фер-плеј потег за пофалба: РК Пролет побара РФМ да прогласи победа за РК Бутел во меѓусебниот натпревар
Ракометниот натпревар меѓу Пролет 62 и Бутел Скопје заврши со нерешени 23-23, во рамките на претпоследното коло на плеј-офот во Суперлигата. Поради одолговлекување во последниот напад, по досудена пасивност, бутелчани беа казнети со црвен картон за Мирко Мајиќ и пенал за домаќинот. Ракометарот Давор Павлевски го реализираше седмерецот, па мечот заврши нерешено. Денес од Пролет …