
Царинска управа: Континуираниот дијалог со бизнис заедницата овозможува креирање нови мерки за олеснување на трговијата
Континуираниот дијалог со бизнис заедницата овозможува креирање нови и унапредување на постојните мерки што се спроведуваат за олеснување на трговијата, рече директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на сувомеснати производи „Пекабеско“.
Препорачано
Како што посочи одобренијата за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат се со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста,
„Пекабеско на пример најмногу извезува во Босна и Херцеговина, при што почнувајќи од вчера нивните камиони се мерат на излез од Македонија и потоа дури на влез во Босна“, потенцира Богоев. Царинската управа како сервис на стопанството, преку партнерски однос со македонските компании и понатаму посветено ќе работи на реализација на конкретни мерки и проекти се со цел – заштеда на време, ресурси и трошоци за компаниите, што ќе обезбеди конкурентска предност на македонското стопанство на меѓународниот пазар, повеќе работни места и повеќе приходи во Буџетот“, истакна Богоев.
Генералниот директор на „Пекабеско“, Слободан Кутревски, истакна дека Царинската управа е најголем партнер на компанијата со којашто имаат 33 годишна соработка.