
Цаке: Ни следува згуснат распоред, играме на секои три дена и во првенството и во Европа
Шампионот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкендија, денеска во седмото коло на свој терен од 15.30 часот го дочекува тимот на Тиквеш.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од таборот на тетовскиот клуб истакнуваат дека на секој натпревар одат на триумф, но нагласуваат дека во ова првенство нема лесни противници.
– Ова е многу важен натпревар за нас. Ни следува период со згуснат распоред, затоа што ќе играме на секои три дена и во првенството, и во Европа. Но, сме мотивирани и фокусирани 100% да ги освоиме трите бода. Направивме добра анализа на Тиквеш, колку што имавме време. Шкендија е секогаш подготвена за победа и уверен сум дека бодовите остануваат во Тетово. Лесни противници не постојат, секој бод е важен, особено на почетокот од првенството, бидејќи на крајот ќе биде многу потешко – изјави Клисман Цаке, играчот на Шкендија.
Дефанзивецот на тетовските „црвено-црни“ додаде дека во таборот на шампионот постои мало разочарување по ремито во Струга:
– Дефинитивно постои разочарување. На секое дерби, нерешен резултат на гости е прифатлив, но тоа важи за другите клубови, не и за Шкендија, која секогаш атакува на победа. Но, продолжуваме напред. На денешниот натпревар целиме на бодови и во позитивна атмосфера да продолжиме во овој згуснат распоред – рече Цаке.
Шкендија својот дебитантски настап во Конференциската лига на УЕФА ќе го има во Шпанија против Рајо Ваљекано на 2 октомври.
Преземено од: Спорт.ком.мк