Бузаку повторно пред вратите на ИВЗ

Самопрогласениот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен за Реис на ИВЗ со судска одлука, денеска повторно се појави пред вратата на седиштето на Исламската верска заедница, и се обиде да влезе во седиштето за да ја преземе функцијата.

Бузаку рече дека моментално седиштето на ИВЗ е под окупација и дека денеска ќе побара помош од полицијата за да може да влезе во своето работно место, и дека ќе упати барање до Финансиската полиција да изврши проверка во работењето на ИВЗ.

Тој нагласи дека судското решение е правосилно и објавено во Службен весник и дека Сулејман Реџепи нема право да поднесе жалба.

Од управата на финансиска полиција демантираат дека извршиле увид во ИВЗ и потврдуваат дека добиле барање за контрола во Исламската верска заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот