Фото: РК Бутел

Бутел се засили со искусен голман од Алкалоид

Екипата на Бутел утрово официјално го потврди ангажманот на ново голманско засилување за претстојната сезона,  искусниот Благојче Трајковски, кој пристигнува од редовите на Алкалоид.

Со своите 38 години и долгогодишно искуство на македонската ракометна сцена, Трајковски се очекува да биде големо засилување за Бутел. Во својата кариера ги бранеше боите на повеќе клубови како: Прилеп, Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид и Пелистер, додека од 2022 година беше дел од Алкалоид.

Со овој потег, раководството на Бутел продолжува со активностите за комплетирање на ростерот за новата натпреварувачка година. Претходно, клубот го продолжи договорот со шефот на стручниот штаб, Горан Кузмановски, како и со средниот бек Димитар Ѓеоргиевски. Сепак, тимот го напуштија петмина ракометари: Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот