Фото: Инстаграм

Бурниот живот на русокосата манекенка: Бар Рафаели се омажи за пријател на татко ѝ, ја прати мајка си во затвор, а потоа го освои светот

Животот на славната манекенка која едно време беше во врска со најпосакуваниот холивудски ерген Леонардо Ди Каприо, со години ја интригира јавноста, бидејќи е далеку од секојдневие.

Имотот на изралеската убавица Бар Рафаели проценет е на 25 милиони долари, а изгледа дека таа сакала да заштеди не плаќајќи данок на Израел, правдајќи се дека поголемиот дел од времето е во странство, а не во нејзината матична земја. Судот ѝ наредил да плати осум милиони долари долг за периодот од 2009 – 2010 година.

Фото: Инстаграм

Нејзините адвокати ја бранеа, тврдејќи дека таа скоро цело време била во Америка и дека живеела со своето момче Леонардо ди Каприо. Но, подоцна се докажало дека Бар поминувала повеќе од 150 дена годишно во Израел. Истовремено манекенката ги информирала американските даночни власти дека живее во нејзината матична земја и таму плаќа даноци. Сепак, на крајот се откри нејзината лага.

Инаку, израелските граѓани кои живеат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинија манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство со цел да плаќаат пониски даноци во земјата.

Манекенката ја плати казната, но нејзината мајка отиде во затвор, каде одлежала 16 месеци, а истовремено плати парична казна од 2,5 милиони шекели и ги плати заостанатите даноци. Беше ослободена од затвор во мај годинава, по 12 месеци издржување на казната.

Фото: Инстаграм

Поранешниот „Ангел на Викторија“од 2015 година е во брак со претприемачот Ади Езра (46), кој по потекло е од Израел, исто како неа. Двојката ги има ќерките Лив (4) и Елу (3) и синот Давид (1). На многумина им е позната и по тоа што четири години беше во врска со Леонардо ди Каприо.

Бар Рафаели предизвика големи контроверзии кога избегна да отслужи две години задолжителен воен рок, мажејќи се за пријател на нејзиниот татко, и потоа се разведе од него. Имено во Израел омажени жени и трудници се ослободени од воена служба.

Таа се занимава со манекенството скоро цел живот, почнувајќи од најраните денови кога како осуммесечно бебе се појави во неколку телевизиски реклами.

Фото:Инстаграм

На 12-годишна возраст престанала да се занимава со моделство затоа што носела протеза за забите. Неколку години подоцна, продолжи со работата како фотомодел, а во 2000 година, победи на модниот натпревар „Модел на годината“ во Израел и така започна нејзината манекенска кариера.

Бар се појави во меѓународните изданија на списанијата „Вог“,„Максим“ и „Ескваер“. Соработуваше со познати брендови вклучувајќи ги „Шанел“, „Ралф Лорен“, „Викторија Сикрет“ и „Рибок“. Таа во 2007 година, стана втората израелска манекенка што се најде на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед“.

Бар Рафаели е успешна и како водителка, од 2013 година го води шоуто „Икс Фактор Израел“, а во 2019 година беше водителка на Евровизија што се одржа во Тел Авив.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!