Македонско и бугарско знаме/ Фото: Слободен печат/ Архива

Бугарскиот амбасадор Ангелов вели дека не може да има преговори за нешто што е договорено

Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија – изјави Ангелов

Бугарскиот амбасадор во земјавата Ангел Ангелов, чиј мандат завршува в петок, денеска изјави дека се надева оти Бугарија по изборите на 27 октомври ќе добие нова влада и дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.

Не преговори, вели тој, затоа што преговори не може да има за нешто што е договорено и мора да почне да се исполнува.

– Мене во петок ми завршува мандатот. Веќе бев кај министерот Муцунски за да си кажеме довидување. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија – изјави Ангелов.

Амбасадорот на Бугарија денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски извршија увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугаска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

Мицкоски: Историската комисија не ги штитеше интересите на Македонците, наскоро нов состав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот