Македонските членови во Мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија

Бугарската агенција БТА: Историската комисија заседваше со колегијален тон и без конкретни резултати

На средбата се префрливме на старата тема која не ангажираше две години – Охридската архиепископија, но таму разговорите завршија пребрзо без никаков напредок. Не беше завршена и работата на речиси готов протокол на една од последните средби, за која разговаравме во попладневните часови, изјави копретседателот од бугарска страна, проф. Ангел Димитров

Бугарската телеграфска агетнција (БТА) која известуваше за состанокот на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, што се одржуваше во претходните два дена во Скопје, го поентираше состанокот во насловот на својот текст  со зборовите: „Историската комисија заседваше со колегијален тон и без конкретни резултати“.

БТА акцентираше дека ова беше прв состанок откако владата на Северна Македонија смени шест од нејзините седум членови – предизвика медиумски интерес, главно во однос на бугарскиот дел од комисијата.

– Ништо не може да се започне од почеток затоа што е направено многу работа и мора да ја почитуваме работата на оваа комисија – рече нејзиниот копретседател од бугарска страна, проф. Ангел Димитров, одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на првиот дел од денешната средба. Прашањето беше дали веќе прифатените препораки од претходниот состав на комисијата ќе бидат ревидирани од Северна Македонија.

Проф. Ангел Димитров за БТА изјави дека средбата се одвивала во колегијален тон, а првиот ден членовите на комисијата разговарале за процедурални прашања, поради новиот состав на нејзините членови од страната на Северна Македонија, „но ќе има нема промени на претходниот начин на работа“.

– На денешната средба се префрливме на старата тема која не ангажираше две години – Охридската архиепископија, но таму разговорите завршија пребрзо без никаков напредок. Не беше завршена и работата на речиси готов протокол на една од последните средби, за која разговаравме во попладневните часови. А нашата средба заврши со појаснување дека сето тоа ќе продолжи во Софија на нашата следна средба, која ќе биде на 12 и 13 декември. На колегите од Северна Македонија, кои досега не учествуваа во работата на комисијата, им треба време навистина да навлезат во прашањата за кои досега разговаравме – изјави проф. Димитров за БТА.

 

Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот