Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Бугарија сè уште не одговорила на барањето на Македонија за средба

Бугарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.

-Веќе подолг период работиме, за жал, без позитивен фидбек од страна на Бугарија, за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт, Николовски и мнинистерката за финансии, Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел, разјаснување на состојбата и идината на Коридорот 8, бидејќи тоа е за нас стратешки проект кој сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор – рече Муцунски.

Тој изјавата ја даде по средбата со својот црногорски колега, Ервин Ибрахимовиќ, кој беше во посета на Скопје, велејќи дека дијалог и комуникација меѓу двете земји постои и дека Македонија нема да се откаже од тоа, бидејќи во спротивно би станала соученик во процесот на кочење на евроинтеграцијата на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот