Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Бугарија: Отпуштени двајца инспектори што барале мито од возачите на опремата за концертот на Роби Вилијамс

Вработените во бугарската Извршната агенција за автомобилска администрација (ИAAA) кои барале мито од возачите што транспортираат опрема за концертот на Роби Вилијамс се отпуштени, рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија Гроздан Караџов, пренесува БНТ.

Двајцата инспектори се долгогодишни вработени, кои работат во системот на ИAAA од 2012 година. Против нив веднаш беше покрената дисциплинска постапка и тие веќе се отпуштени, соопшти министерот Гроздан Караџов.

-Во четвртокот, откако беше поднесена сигнализација за коруптивни дејствија што беа наследени, а кои според мене се од претходен период. И двајцата вработени работат од 2012 година и очигледно имаат навики што се спротивни на нашата нова политика. Откако сигналот беше примен во апсолутна тајност и со максимална соработка од ИAAA, следниот ден – во петок, двајцата вработени беа приведени. Благодарение на бугарското обвинителство, знам дека се приведени 72 часа и ќе бидат обвинети. Отпуштени се. Како и претходно – имаме нулта толеранција за корумпирани вработени. Еднаш се справивме со група за која имаше такви податоци, во Перник. Ова помина без многу медиумско внимание. Загрижен сум за секој случај на корупција“, нагласи Караџов.

Роби Вилијамс вчера пееше пред повеќе од 40.000 луѓе на Националниот стадион „Васил Левски“ во Софија.

„Бугарија, ти ми даде сè. Твојата енергија, твојата љубов, твоето внимание – сè се претвора во магија. Ова е причината зошто продолжувам да пеам, танцувам и да се борам со моите анксиозности и стравови“, рече британската поп-ѕвезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот