Фото: Фејсбук/Љупчо Палевски

Бугарија нема докази дека Палчо влегол на нивна територија

Бугарското МВР нема податоци дека Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, се наоѓа на територијата на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

„Во моментов нема докази дека мажот, кој наводно е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче во Република Северна Македонија, се наоѓа на бугарска територија. Ова за „БТА“ го соопштиле од тамошното МВР.

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, стои во информацијата.

Доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиството на девојката од Скопје и 74-годишен велешанец. Министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски денеска изјави дека се трага по уште две лица, од кои за едното има информации дека отишло прво во Белград, а потоа во Бугарија, потсетува „БТА“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот