EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Бугарија ќе добие 11 милијарди европски евра, одлучи Брисел

Европската комисија ѝ доделува на Бугарија 11 милијарди евра за екологија, инфраструктура, вработување и аквакултура, според договорот за партнерство за периодот 2021-2027 година, соопшти постојаното претставништво на земјата во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со договорот се дефинира инвестициската стратегија на Бугарија во областа на кохезионата политика за периодот 2021-2027 година.Средствата од кохезионата политика ќе ја промовираат економската, социјалната и територијалната кохезија во бугарските региони и ќе помош за спроведување на главните приоритети на ЕУ, како што се еколошката и дигиталната транзиција.

Овие средства, исто така, ќе ги поддржат политичките области каде Бугарија има потенцијал да постигне напредок и да ги намали регионалните разлики во нивната земја. 2,4 милијарди евра од ЕРДФ и Кохезиониот фонд ќе и помогнат на Бугарија да ги постигне своите цели за климата.

600 милиони евра ќе помогнат да се зголеми учеството на обновливите извори на енергија на 27% од вкупната потрошувачка на енергија, како и да се намали потрошувачката на енергија и емисиите на стакленички гасови во јавните згради. Средствата од ЕРДФ ќе се користат и за рециклирање на 70% од целиот отпад од пакување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот