Владимир Божиновски / Фото: Скриншот, Фејсбук

Бугарија го погази Договорот за добрососедство, вели Владимир Божиновски

Универзитетскиот професор Владимир Божиновски вечерва во „24 анализа“ рече дека, барањата на Бугарија нема да завршат и дека тие „со текот на времето ќе бидат подлабоки“.

Тој вели и дека Бугарија го „погазила“ Договорот за добрососедство потпишан меѓу двете држави.

„Не беше проблемот уставната измена, туку беше што потоа. Проблем беше дека се бара се од Македонија без да се понуди нешто, посебно во случајот со Бугарија. Прашањето со името беше поволно за Грција, а неповолно за нас, но сепак, по тоа решение Грција се тргна од тој проблем. Кај Бугарија е поинаку, тие одат на се подлабоки и подлабоки барања и велат дека ова не е нешто што ќе биде последно“, рече Божиновски.

„Бугарите го погазија договорот за добрососедство. Она што доаѓа како некаква иницијатива од ЕУ е дека ќе се направи некаков обид и Македонија да почувствува дека може да смета на она ветување од ЕУ затоа што премногу имаше ветувања и ние имаме постојано нови барања. Мислам дека може да се најде решение, ние може да ги прифатиме Бугарите и другите малцинства но дека нема после тоа да воскреснат некакви нови барања кои ќе се блокада. Ако ЕУ не може да го гарантира тоа, може да се направи некаков исчекор каде Бугарија би покажала знак на добра волја. Од една страна ни бараат бугарското малцинство да влезе во Устав а од друга страна не признаваат македонско малцинство во Бугарија. Ниту прифаќаат ниту признаваат. Доколку и Македонија и Бугарија и ЕУ како медијатор седнат со добра волја може да се најде решение, може да се надеваме“, рече Божиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот