
Брзо и вкусно јадење: Рецепт за пита со тиквички и сирење
Оваа лесна пита со тиквички и посно сирење е совршен оброк во топлите септемвриски денови. Ќе Ве освои со тоа што не бара голем труд, а ќе добиете вистинско гастрономско задоволство, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Состојките се вообичаени, а тиквичките ќе добијат полн вкус ако им додадете малку лук, кромид и маслиново масло.
Потребни состојки:
- 2 тиквички, изрендани и исцедени
- 300 гр посно сирење
- 2 јајца
- 2 чешниња лук, сечкан
- 1 кромид, сечкан
- 3 лажици маслиново масло
- 200 гр готови кори за пита
- црн пипер
- сол
- сусам или ким (по желба) за посипување
Подготовка:
Загрејте ја рерната 180 целзиусови степени. Следно, на загреано маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот неколку минути.
Во сад измешајте го дистаниот кромид, лукот, зачините, јајцата, тиквичките и урдата.
Садот за печење подмачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење.
Ставете две-три кори на дното од садот и секоја премачајте ја со маслиново масло. Потоа врз корите рамномерно распоредете ја смесата со тиквички и сирење.
Преостанатите кори исечете ги на ленти и наредете ги одозгора, ставајќи ја едната хоризонтално, а другата – вертикално. Секоја кора премачкајте ја со маслиново масло, а по желба можете да ги посипете корите со сусам или ким.
Печете околу 35 минути додека питата не добие златна боја.