
Брзо и едноставно: Рецепт за тортилји со тиквички и кашкавал
Доколку сте гладни, а уморни сте од готвењето, тогаш ова е идеалниот рецепт за вас. Брза и едноставна подготовка, а сепак превкусно јадење. Рецептот за тортилји со тиквички и кашкавал можете да го подготвите за појадок, ручек или вечера.
Препорачано
Состојки:
– 1 кромид
– 2 тиквички
– 20 г варена пченка
– 2 големи јајца
– 20 г рендана гауда или кашкавал по желба
– 5 г рендан пармезан
– 4 големи тортиљи
– сол и бибер
– маслиново масло
Подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го. Пропржете го на две или три лажици маслиново масло. Додадете ги тиквичките кои претходно ги измивте, излупивте и исечкавте на помали коцки или ленти.
Посолете, бибер и динстајте ги кромидот и тиквичките околу пет минути.
Изматете ги јајцата и истурете ги во садот со тиквичките и кромидот. Кога ќе се сварат јајцата, тргнете ги од оган и додајте ја сварената пченка и пармезанот и измешајте.
Подгответе голема тава и истурете малку маслиново масло во неа и загрејте ја на средно висока температура.
Во чинија се става една тортилја, се посипува со малку рендана гауда, се премачкува со половина од смесата со тиквички и јајца, се посипува повторно со сирење и се покрива со уште една тортилја. Внимателно префрлете ги тортилјите во тавата и печете од едната страна две до три минути. Потоа свртете на другата страна и исто така печете две до три минути додека кашкавалот не почне да се топи.
При печењето слободно исцедете ги тортиљите за полесно да се залепат. Постапката повторете ја со останатите тортиљи и филот. Кога ќе се испечат, исечете ги на триаголници и послужете.