Фото: Принтксрин/Јутјуб

Брзи јогурт погачици

Ако сте заборавиле да купите леб, можете да ги направите овие брзи неверојатни погачици со само три главни состојки. Може да се јадат во солена варијанта но и во комбинација со џем или нутела.

Состојки

2 јајца

300 мл јогурт

600 грама обично бело брашно

1 лажичка сол

1 кесичка прашок за печиво

Подготовка

1. Тесто

Јајцата изматете ги со жица за матење, па додајте ги јогуртот и солта и убаво изматете. Додадете го брашното и прашокот за печиво и сè убаво измешајте додека не добиете смеса што не се лепи за раце.

На набрашнета површина развлечете го тестото со дебелина на прст и исечете го на помали парчиња. По желба можете да ја засечете средината и да ги оформите.

2. Печење

Во тавче сипете масло, а кога ќе се загрее на средна температура ставете ги подготвените парчиња тесто. Печете неколку минути од секоја страна да поруменат.

Доколку ги печете во фритеза на топол воздух, ставете ги на хартија за печење и печете ги 6 до 8 минути. На половина од печењето можете и да ги превртите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот