Бројот на жртви во несреќата со жичарата во Лисабон се искачи на 17, повредено е 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичарата  Глорија излета од шините, се искачи на 17, додека 21 лице е повредено, од кои седум се со тешки повреди, соопшти денес португалската Цивилна заштита.

Полицијата претходно објави дека 15 лица се повредени, но уште две починале во текот на ноќта, пишува португалскиот портал Executive Digest.

Директорката на португалската Цивилна заштита, Маргарида Кастро Мартинс, изјави дека меѓу жртвите има четворица Португалци, двајца Германци, двајца Шпанци, еден Јужнокореец, , еден Канаѓанец, еден Италијанец, еден Французин, еден Швајцарец и еден Мароканец.

„Националноста на четворицата повредени сè уште не е утврдена“, додаде Кастро Мартинс.

Жичарата превезувала повеќе од 40 лица во времето на несреќата, кога излетала од шините и удрила во зградата.

Фотографија од местото на настанот покажува дека кабината на жичарницата, слична на трамвај, е практично уништена.

Властите веруваат дека несреќата е предизвикана од лабав кабел или дефект на сопирачките.

Португалската влада прогласи ден на национална жалост и три дена жалост во Лисабон.

Бригадата на судската полиција беше повикана да ја испита причината за несреќата на жичницата Глорија, која може да прими до 42 патници и е обележје на Лисабон кое е многу популарно кај туристите.

Жичарницата  е отворена пред повеќе од еден век – во 1885 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!