Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бројките на починати и хоспитализирани од Ковид во Тетово е намален

Ковид центарот во тетовската болница утрово во седум часот бележи стабилизирање на состојбата со оглед дека има помалку примени и починати луѓе.

Во болница на лекување задржани се 11 луѓе, а вчера имаше 18 лица. Шестмина пациенти се пуштени на домашно лекување. Починати се тројца пациенти, за разлика од вчера кога имаше девет смртни случаи.

„Има тројца починати пациенти, а 11 нови примени на болничко лекување, додека шестлица се пуштени дома. Вкупно хоспитализирано има 125 лица од кои 12 имале една доза вакцина, а петмина се вакцинирале со двете дози. На кислородна поддршка има 121 од 125-те лица“ информираше д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

За 24 часа во амбулантите на ковид центарот за прегледи и контроли се обратиле вкупно 228 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот