Ана Брнабиќ / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Брнабиќ утре во Брисел на средба со претседателката на Европскиот парламент

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, ќе биде во Брисел во петок, каде што ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, пренесува Данас.

Во соопштението на српскиот Парламент се наведува дека за 10 часот наутро во српската мисија во Европската Унија е закажана панел-дискусија, каде што Брнабиќ ќе зборува за европскиот пат на Србија.

Средбата со поранешниот амбасадор на ЕУ во Србија, Емануел Џофре, кој моментално е заменик-директор за Европа и Централна Азија во Европската служба за надворешни работи е закажана за попладнето во српската мисија во ЕУ.

Брнабиќ ќе разговара и со генералниот директор на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, во Европската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот