Британскиот производител на чоколади „кедбери“ го загуби кралскиот статус

Британскиот производител на чоколади „кедбери“ е исклучен од посебната листа на кралското семејство за прв пат по 170 години. Фирмата од Бирмингем го доби своето прво признание како производител на чоколада и какао од кралицата Викторија во 1854 година, но го загуби од кралот Чарлс, објави Би-би-си. Сопствениците на „Кедбери“ во САД, „Монделез интернешнл“, изјавија дека се разочарани од одлуката.

Кралот доделил кралски нарачки на 386 компании кои претходно имале нарачки од кралицата Елизабета Втора, вклучувајќи ги Џон Луис, Хајнц и Нестле. На компаниите кои го поседуваат документот од монархот, кој се издава до пет години, им се признава да даваат стоки или услуги за монархијата. Ним им е дозволено да го користат грбот на кралското семејство со кое се поврзани на пакувањето, како дел од рекламирање или други материјали, пишува БГНЕС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот