Британски разузнавачи тврдат дека Русите во последните шест недели претрпеле најголеми загуби од почетокот на војната

Украина / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Изминатите шест недели беа одбележани со некои од најголемите загуби на Русија од почетокот на војната во Украина, објави Укринформ, повикувајќи се на дневниот брифинг за разузнавање на британското Министерство за одбрана објавен на социјалната мрежа Икс.

Се забележува дека во тековниот месец, според податоците на Генералштабот на украинската армија, жртвите дадени од руските војници се движат во рамки од 931 лице дневно.

„Убедливо најсмртоносниот месец за Русија беше март оваа година, со просечни 776 жртви дневно. Во тоа време руското напредување кон Бахмут го достигна својот врв“, посочува агенцијата.

Според британското Министерство за одбрана, иако разузнавањето не може да ја потврди методологијата користена за пресметување на вкупниот број загинати и ранети, пријавените бројки се веродостојни.

„Во изминатите шест недели, Русија се чини дека има најголеми загуби од почетокот на војната досега. Многу од жртвите се главно резултат на руската офанзива против градот Авдеевка во Донбас“, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот