Фото ЕПА

Британски професор предлага размена на територии за решавање на спорот меѓу Косово и Србија

Британскиот професор Џејмс Кер Линдзи изјави дека размената на територии би била најлогично решение и дека последниот предлог на Европската унија за Белград и Приштина е најдобриот план што излегол од Брисел во последните години, пишува српска „Политика“.

Професорот од Лондонската школа за економија, Кер Линдзи, исто така оценува дека Косово долго време е блокирано на меѓународната сцена, па според него, за да оди напред мора да го прифати овој договор со Србија, пренесува косовска „Газета блиц“.

„Мислам дека е многу подобар предлог ако ги споредиме претходните, има некои позитивни движења. Но, она што најмногу ме загрижува е начинот на кој ќе се спроведе овој план, па на страните треба да им се даде време да ги спроведат договорите постигнати во Брисел“, вели Кер Линдзи, пренесува „Танјуг“.

Тој додаде дека доколку овие договори не се спроведат, тогаш сигурно е дека ќе настанат низа кризи.

– Да бидам искрен, Косово долго време стагнира на меѓународната сцена, има уште многу земји кои не ја признале неговата независност. На Косово му е многу потребен овој договор за понатамошен напредок – рече тој.

Британскиот професор вели и дека Приштина во текот на овие години се соочила со две решенија – размена на територии или автономија на српската заедница. Сепак, тој е убеден, како што вели, дека Косово во никој случај нема да ја има судбината на Босна и Херцеговина.

– Отсекогаш постоеле само два начина да се реши проблемот со Србија. Едната е размена на територии, а другата е автономијата на српската заедница, а првата не беше поддржана од меѓународната заедница. Во оваа ситуација во која се наоѓа Косово, мора да ја прифати формата на автономија на српската заедница. Некои луѓе намерно се обидуваат да дезинформираат за тоа, создавајќи паника во јавноста – заклучи Кер Линдзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот