Џони Мерсер бос во воз / Фото Колаж на СП

Британски министер ги соблекол чевлите и чорапите додека се возел во воз, сега ќе оди на разговор кај премиерот

Британскиот министер за ветерани Џони Мерсер ги отфрли критиките откако фотографијата на која седи бос во воз за Лондон стана вирална на социјалните мрежи.

Фотографијата прв ја објави Тајмс, а Мерсер наводно го фотографирал еден од патниците. Фотографијата е направена на 6 мај, но дури во последните неколку дена почна масовно да се шири.

Корисниците на социјалните мрежи го критикуваа министерот што ги соблекол чевлите и чорапите во возот, но тој инсистира дека не направил ништо лошо.

„Значи, некој чудак отиде наоколу и го фотографираше мојот лаптоп додека читав приватни пораки. Чевлите и чорапите ми беа соблечени затоа што штотуку поминав со велосипед преку Дартмур на дождот“, рече Мерсер.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак на новинарско прашање одговори дека не е во ред да се соблечете боси во воз. Тој најави дека Сунак ќе разговара со својот министер за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!